Најмалку две лица загинаа во поплави во Тексас

Две лица загинаа, а уште двајца се водат за исчезнати во поплави во американската сојузна држава Тексас.

Поројните дождови предизвикале поплави и на патиштата во централните делови на Тексас, вклучително и во Остин. Двајцата мажи загинале откако нивните автомобили биле однесени од надојдената вода.

Од поројните дождови зафатена е и соседната американска сојузна држава Лујзијана.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.