Најмалку две жртви во земјотресот во Италија, три деца од едно семејство спасени од под урнатините

Три деца се извлечен од под урнатините на станбениот објект кој се урнал во земјотресот коешто го погоди во понеделникот ноќта местото Казамичола-Терме на италијанскиот остров Искија во кој животите ги загубија најмалку две лица, објави во вторникот утрото локалниот весник Il Dispari.

„По пет часа непрестајна работа Пасквале, Чиро и Матија Тоскано се извлечен и живи од под остатоците од нивниот дом. Нивното спасување беше проследено со силни аплаузи и извици на радост“, изјавил уредникот на весникот кој излегува на островот Искија, Гаетано Ди Маијо.

Официјалните власти се уште не го потврдија спасувањето на децата.

Според весникот, трикатниот станбен објект во Казмчола-Терме бил целосно разурнат од земјотресот во понеделникот ноќта. Во зградата се наоѓале седум лица, од кои три деца. Веднаш по полноќ заменикот префект на Неапол, Деметрио Матрино, изјави за новинарите дека спасувачите успеале да извлечат маж и жена од под урнатините на куќата.

Подоцна беше објавено дека уште едно лице било спасено од под урнатините зградата, таткото на три деца. Алесандро Тоскано. Подоцна, телото на почината жена е извеадено од под урнатините.

Земјотресот на островот Искија во Тиренското Море се случи во 20,58 часот во понеделникот. Првично Националниот институт за геофизика и вулканологија на Италија (Ingv) објави дека потресот бил со магнитуда од 3,6 степени по Рихтер, а подоцна беше ревидирана на магнитуда 4,0.

Епицентарот на земјотресот бил во непосредна близина на западниот брег на Искија во морето на длабочона од околу 10 километри. Според сеизмолозите, првиот подземен удар бил проследен од 14 послаби афтершокови. Оштетување се регистрирани во две туристички места Казамичола-Терме и Лако-Амено на северниот брег на островот.

Според последните информации од вторникот, во земјотресот заганеле две жени, а 26 лица се повредени од кои две се во критична состојба. Покрај тоа, има информации за смртта на уште едно лице.

Шефот на националната служба за цивилна служба на Италија, Анџело Борели, ноќта кон вторникот одржа вонредно заседание на оперативниот комитет, на кој учествуваше и италијанскиот премиер Паоло Џентилони. На состанокот е донесено решение итно на Искија да се распоредат службите на Граѓанската одбрана, вклучително и неколку кучиња обучени за потрага под урнатините.

Италијанските власти го активираа планот за укажување итна медицинска помош за настраданите од земјотресот, кој во случај доколку е неопходно предвидува ангажирање медицински хеликоптери за превезување на повредените во неаполската болница „Кардарели“. Покрај тоа, на Искија се испратени неколку големи ферботи за евакуација жителите и туристите кои масовно го напуштаат островот.

Островот Искија бил погоден од силен земјотрес вечерта на 28 јули 1883 година во кој најмногу настрадало гратчето Касамичола. Во овој потрес загинале 2.313 жители на островот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.