Најмалку еден загинат во торнада во Тексас

Најмалку еден загинат, а неколку лица се исчезнати откако неколку торнада го зафатија послабо населениот земјоделски регион на американската сојузна држава Тексас, објави МИА.

Смртниот случај е потврден од началникот на противпожарната служба на градот Сиско, Волтер Фербанкс.

Властите ги проверуваат домовите за проценка на штетите, но тие се отежнати поради поројните врнежи. Причинета е материјална штета, а уништени се голем број куќи, изјави окружниот судија и координатор на службите на итна помош, Рекс Филдс.

Засега точниот бројот на повредени во торнадото не е познат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.