Најмалку еден загинат во железничка несреќа во Москва

Најмалку еден загинат и десетици повредени во железничка несреќа која изутринава се случи во московското метро.

До несреќата дошло откако најмалку три вагони излетале од шините на линијата Арбатско-Покровскаја, на 200 метри пред станицата Славјански Булвар.

Спасувачките екипи и пожарникарите ги евакуираат луѓето од возот кој е заглавен во тунелот меѓу станиците.

За сега нема информации за причините за несреќата.