Најмалку осум загинати во терористички напад во Пакистан

Најмалку осум луѓе загинаа во бомбашки напад ноќеска извршен до шиитска џамија во пакистанскиот град Равалпинди, близу Исламабад.

Напаѓачот пристигнал до џамијата со мотор и активирал експлозив што го носел на себе кога бил запрен за полициска проверка. Еден од загинатите е полицаец додека 16 се ранети.

Нападот е извршен во момент кога Владата формираше девет воени судови кои ќе судат терористи по брза процедура, јави ДПА. Околу 20 отсто од населението на Пакистан се шиити и често се цел на напади на сунитски екстремисти кои ги сметаат за еретици.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.