Најмалку пет девојчиња загинаа за време на натпревар

Најмалку пет девојчиња загинаа, а две се повредени при уривање на ѕид за време на кошаркарски натпревар во источниот дел на Кина.

Несреќата се случила синоќа во средно училиште во градот Хуајбеј, откако попуштил еден од ѕидовите на салата и се урнал врз децата.

Од двете повредени деца, едно се наоѓа во болница во стабилна состојба, додека другото е со полесни повреди.

Полицијата ги истражува причините за несреќата и го испитува раководството на училиштето.