Најмалку пет лица повредени во престрелка меѓу индиската и пакистанската војска

Најмалку пет лица се повредени при престрелка меѓу индиската и пакистанската војска во пограничниот дел на Кашмир.

Вкупно девет пакистански и осум индиски цивили загинаа во меѓусебните судири, кои избувнаа пред повеќе од една недела.

Индиските власти евакуирале околу пет илјади жители од село од секторот Самба, кој е најпогоден во индиско-пакистанските судири и ги сместиле на безбедна локација.

Од регионот Џаму, околу 20 илјади лица беа принудени да ги напуштат своите домови и да се сместат во училишта и кампови за бегалци.

Припадници на индиската војска одговориле на грантирањето на околу 50 безбедносни пунктови во текот на ноќта, а размената на огнот продолжува и изутринава.

Индискиот премиер Нарендра Моди изјави доцна синоќа дека наскоро состојбата ќе се стабилизира.

Во меѓувреме индискиот министер за одбрана Арун Џаитли го предупреди Пакистан да престане со гранатирањето врз Кашмир.

Тој додаде дека индиските сили ќе направат Пакистан да сноси последици, доколку продолжат нападите.

Престрелките меѓу Индија и Пакистан, кои почна во понеделникот, претставува најсериозни кршење на примирјето, кое е договорено меѓу двете држави во 2003 година.

Кашмир е поделен меѓу Индија и Пакистан, а двете земји тврдат дека имат право на целата негова територија. Од 1989 година, кога почна вооружениот бунт во Кашмир против индиските власти, убиени се околу 69 илјади лица.