Македонија

Најмалку пет нови турски инвестиции во Македонија

Најмалку пет нови турски инвестиции во Македонија

Во период од само пет дена најмалку пет компании потврдија дека ќе инвестираат во Македонија, со што ќе се отворат околу 700 нови работни места.

ОХИ Груп, Смирна Парс, две фабрики на Мач Груп, Демпо, Про Лајн и некои други се дел од компаниите кои по разговорите со владиниот економски тим кој го раководеше премиерот Груевски објавија свои инвестиции во Македонија, а компанијата Истем Медикал најави скоро отпочнување со градба на претходно најавената фабрика.

Турската компанија ОХИ Груп, потврди дека ќе отвори фабрика за гуми во Битола која ќе вработи 400 работници. Тие сакаат да инвестираат и веќе основале компанија во Битола за производство на лепенки за гума и други производи од гума. Директорот Јуксел Ишбилир посочи дека Македонија е изборот бидејќи тука постојат најдобри услови и околности да се започне со инвестиција.

Фирмата Смирна Парс објави дека освен првичната инвестиција поради добрите услови и резултати за водење на бизнис компанијата планира  ново проширување.

-Нашата прва инвестиција во Македонија е во Битола, сега планираме купување на земјиште во Могила и Новаци, а после тоа да се прошириме и во Росоман. За цел имаме создавање на нови садници со земјоделски производи и изградба на откупно дистрибутивни центри. Ова е инвестиција во земјоделието, изјави Ридван Уретен сопственик на фирмата Смирна Парс.

Мач Груп планираат да започнат со изградба на фабрика во Скопје. Најпрво сакаат да изградат откупен центар во Скопје и откако ќе го завршат планираат да инвестираат во земјоделие. Инаку инвестицијата која ја планираат е во општината Илинден и во вредност од три милиони евра.

Компанијата Демпо објави дека во Македонија сакаат да градат две нови фабрики. Првата за производство на анбалажа, втората за производство на мермер и мозаици од мермер.

– Пред четири месеци ја посетивме Македонија, програмата беше организирана од Инвест Македонија и нејзиниот претставник од Анкара. Ја разгледавме цела Македонија и одлучивме дека ќе инвестираме таму. Планираме да дојдеме со две дејности во Македонија, првата е во секторот на анбалажа и производство. Тоа ќе биде фабрика во вредност од 3 милиони долари. Во првата дејност ќе има 150 вработувања, изјави сопственикот Музафер Полат.

Втората инвестиција, додава, бидејќи во нашата дејност имаме и дел кој се занимава со производство на мермер, планираме да ја префрлиме нашата фабрика за производство на мермер од Турција во Македонија.

– Планирана е преработка на мермер односно производство на мозаици од мермер. За почеток би биле 150 вработувања а во подцнежната фаза од 300 до 400 вработувања. Во почетна фаза, за производство на мермер инвестицијата е од 2.5 до 3 милиони евра. Со тоа што и за првата и за втората инвестиција, планираме нивно зголемување со тек на време. За првата инвестиција, за производство на анбалажа планираме да отпопчнеме во првиот квартал од 2015 година, а за инвестицијата за приозводство на мермер и мозаици планираме да започнеме во вториот квартал од 2015 година, истакна сопственикот на Демпо Музафер Полат.

Инаку тој  е сопственик на повеќе производствени погони во Турција и се занимава со производство на јаглен, амбалажа и мермер.

Пројалн Алтан го информираше владиниот економски тим дека компанија се одлучила да инвестира во Македонија. Тие сакаат да инвестираат во изградба на фабрика за производство на пластика во индустриска зона во Виница во вредност од околу 3 милиони евра, како и планови за понатамошно проширување на оваа инвестиција. Со оваа инвестиција ќе се отворат 50 нови работни места.

Извршниот директор на Истем Медикал Муса Јамурло најави дека на почетокот на наредниот месец планираат да започнат со изградба на фабриката. Инвестицијата е вредна 10 милиони евра. Првенствено ќе има 150 вработени и после неколку години планираат таа бројка да се зголеми и да дојде до 250 вработени.

Според владиниот тим, посетата на Турција и одржувањето на пет бизнис форум за пет дена во различни градови даде повеќе од успешни резултати. Таму се одржаа повеќе други средби со инвеститори кои искажувале сериозни намери да инвестираат во Македонија. Комуникацијата со нив ќе продолжи преку агенцијата за привлекување на Инвестиции и економските промотори.

Меѓудругото, Премиерот Груевски оствари и средби со турскиот државен врв, претседателот Ердоган и премиерот на Турција Давутоглу. На средбите се разговарало и за динамизирање на економската соработка за што македонската страна добила полна поддршка од Република Турција.