Свет

Најмалку пет жртви однесе невремето во Велика Британија и Франција

Најмалку пет жртви однесе невремето во Велика Британија и Франција

Најмалку пет лица загинаа во силното невреме, проследено со силни ветришта и дожд, што ги зафати Велика Британија и Франција. 

Британската полиција соопшти дека 48-годишен маж се удавил во река во северниот дел на Велика Британија, откако се обидел да го спаси своето куче.

Телото на едно женско лице е пронајдено во река во северен Велс и уште една жена загинала во судир на три автомобили поради тешките услови за возење.