Најмалку петмина алпинисти загинаа на Мон Блан

Шестмина француски алпинисти, меѓу кои и еден искусен водич, исчезнаа во текот на минатата ноќ на падините на врвот Мон Блан, јави дописникот на МИА од Париз.Спасувачките екипи досега успеаја да ги пронајдат телата на петмина од исчезнатите алпинисти, кои се упатиле во освојување на врвот Егуј д’Аржантиер, минувајќи преку т.н. Тур Нуар (Црна Кула) траса.

Спасувачите продолжуваат да трагаат по шестиот алпинист, кој официјално се уште се води како исчезнат.

Причините за смртта на алпинистите не се познати.

Временските услови на Француските Алпи и посебно на Мон Блан се многу тешки. Од вчера, со мали прекини, постојано врне силен дожд, а облаците се спуштени над падините.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.