Најмалку седум мртви во самоубиствен напад врз христијанска црква во Пакистан (ВИДЕО)

Двајца напаѓачи самоубијци отвориле оган во христијанска црква на југозападниот Пакистан во неделата и убија најмалку седум, лица а повредени се најмалку 16 пред да ги запре полицијата, објавија функционери за нападот изведен неколку дена пред католички Божик.

Абдул Разак Чима, командант н аната полицијата во Квета, главниот град на многу нестабилната покраина Балучистан, изјавил дека двајцата самоубијци упаднале во методистичката црква во текот на неделната миса, пренесува агенцијата AFP.

Напаѓачите носеле елеци со експлозив и упаднале во црквата токму кога започнала литургијата, изјавил Сафраз Бугти, министер за надворешни работи во сојузната покраина Балучистан, пренесува агенцијата Reuters.

Полицијата и војската ја опколиле зградата на црквата и размениле оган со напаѓачите сѐ додека не успеале да влезат во црквата, изјавил командантот на покраинската полиција Моазем Џах Ансари.

„Имаше речиси 400 луѓе во црквата. Еден убивме, а вториот го активира експлозивот дури откако полицијата го рани“, додал Џах.

Цел на нападот била црквата „Bethel Memorial Methodist Church“, која се наоѓа во безбедносната зона, а Џах рекол дека христијанските цркви имаат стражари, бидејќи често се цел на исламистичките екстремни групации.

„Имаме посебни сигурносни договори за верските објект, во прв ред црквите и денеска таков аранжман спасил многу драгоцени животи“, тврдел Ансари.

Докторката Робина Кака од болницата во Квета, во којашто се донесени телата, изјавила за агенцијата DPA, дека се повредени повеќе од 20 лица, а шест од нив се во критична сосотојба.

Во Балучистан кој е истовремено и најнаселената и најмалата покраина во Пакистан, дејствуваат и многу радикални исламистички групи, вклучувајќи ја и глобалната терористичка мрежа Ал Каеда, секташки екстремни организации како и локални сепаратисти кои бараат независност.

Покраината Белучистан која излегува на Арапското Море, е богата со гас, нафта и минерали, но сепак е најсиромашна. Од минатото лето повторно се разгоре насилството врз локалното шиитско население, од страна на талибаните и џихадистите од Исламската држава, а владее и локален бунт. Чести цели на нападите се шиитските муслимани и христијаните.

Сепаратистите во Балучистан од 2004 година бараат независност на оваа неразвиена покраина којашто има инаку силен потенцијал за развој. Цел на бутновничките напади се главно припадниците на пакистанската полиција и безбедносните сили.