Свет

Најмалку седуммина загинати во поплавите во Тексас

Најмалку седуммина загинати во поплавите во Тексас

Во поплавите во Хјустон и неговата околина, што беа предизвикани од поројни дождови, според последниот биланс на жртвите на локалните власти, животите ги загубиле најмалку седум лица, пренесува МИА.

Институтот за судска медицина од Хјустон соопшти дека спасувачките тимови пронашле тројца мажи и две жени, кои се удавиле во своите автомобили на поплавените патишта.

Гувернерот на сојузната држава Тексас, Грег Абот  во понеделникот прогласи вонредна состојба во девет окрузи и најави помош за повеќе од илјада луѓе.

Метероролошката служба соопшти дека во понеделникот врнежите во регионот на Хјустон дистигнале до 10 сантиметри на час, поради што многу луѓе останеле заглавени во своите домови и автомобили.