Свет

Најмалку шест загинати и тројца ранети во напад во Мичиген

Најмалку шест загинати и тројца ранети во напад во Мичиген

Најмалку шест луѓе се убиени и тројца ранети откако непознат напаѓач во американскиот град Каламазу во Мичиген, во повеќе наврати отворил оган, соопшти полицијата.

Тројца од ранетите се во критична состојба.

Полицијата е во потрага по напаѓачот кого го опиша како постар белец на возраст од околу 60 години и управува автомобил.

Нападите се извршени синоќа по локално време на паркинзи на три локации. Полицијата смета дека жртвите не биле намерна цел на нападот.