Најмалку шестмина цивили убиени во Мали

Најмалку шестмина цивили, вклучувајќи и хуманитарен работник биле убиени во северно Мали вчера во екот на судирите меѓу сепаратистичките бунтовници и провладината милиција, изјавија претставници на бунтовниците и на локалните власти, објави МИА.

Шпанскиот огранок на хуманитарната агенција „Акција против гладта“ потврди дека еден од нејзините службеници е убиен во Тин Хама, село во северниот дел на Мали. Организацијата не соопшти повеќе детали.

Според очевидци. шест лица биле егзекутирани од провладината милиција.

Бунтовничкото движење Координација на движењата на Азавад соопштува за деветмина цивили, убиени од владините сили