Најмалку стотина мртви и ранети во напад врз исламско училиште во Авганистан

Најмалку стотина луѓе, меѓу кои многу деца, загинале или се ранети во понеделник во авганистанското бомбардирање на исламско училиште на североистокот од Авганистан, според безбедносни извори.

Ден по овој на авганистанското воено воздухопловство, две неименувани безбедносни извори рекле за AFP во вторникот дека има „59 мртви, повеќето осумгодишни деца, како и 17 талибани“, како и дека „57 луѓе се ранети“.

Нападот се случил кон средината на денот во текот на свечено доделување на дипломи на крајот од авганистанската училишна година. Областа во којашто се наоѓа нападнатото училиште во поголемиот дел е под контрола на талибаните.

Портпаролот на министерството за здравство во Кабул потврди дека во вторникот претпладнето „во регионалната болница во Кундуз се примени 57 цивили, меѓу кои има деца и старци, како и пет мртви“.

Друг безбедносен извор рекол дека обично своите жртви не ги носат во јавните болници, а таа во Кундуз е само неколку десетици километри оддалечена од местото на нападот во округот Даште Арчи.

Портпаролот на војската во Кундуз рече дека во понеделникот загинале 20 талибани и дека исто толку се повредени, но не ги спомена цивилните жртви.

Војската и безбедносните служби обвинуваат дека бунтовниците планирале состанок на своите челници во споменатото верско училиште.