Свет

Најмалку три лица загинаа во бомбашки напад во Ирак

Најмалку три лица загинаа во бомбашки напад во Ирак

Најмалку три лица загинаа, а 22 се повредени изутрината кога бомбаш самоубиец активираше појас со експлозив во центарот на Багдад, соопштија медицинските власти.

Цел на бомбашот биле работниците собрани на плоштадот Тајаран, а засега ниту една терористичка група не ја презела одговорноста за нападот.

Самоубиствените напади често ги извршува групацијата Исламска држава, која од 2014 година освои поголем дел од Ирак и оттогаш беше принудена да се повлече од многу подрачја.