Свет

Најмалку три лица загинаа во снежната бура што го зафати источниот брег на САД

Најмалку три лица загинаа во снежната бура што го зафати источниот брег на САД

Најмалку три лица загинаа во снежната бура што зафати повеќе региони на источниот брег и централниот дел на САД, пренесе МИА, повикувајќи се на ТАСС.

Зимата во овие региони пристига со задоцнување, но е проследена со громови долж атлантското крајбрежје. Денеска и утре се очекува како последица на бурата Џонас на одредени места да се формира снежна покривка од 50 до 60 сантиметри, а особено во Вашингтон, што ќе биде рекорд во последниот век.

Најмалку три лица загинаа во снежната бура што го зафати источниот брег на САД
Најмалку три лица загинаа во снежната бура што го зафати источниот брег на САД

Меѓу петок и сабота вечер голема зимска бура ќе зафати дел од источното крајбрежје на САД, а ќе биде следена од обилни снежни врнежи, голомразица, силни ветрови и поплави долж крајбрежниот појас, предупредија синоптичарите.

Од денеска попладне се очекува влошување на времето, кога снежните врнежи ќе бидат најобилни, а ветровите ќе се најсилни, и ќе бидат со брзина до 90 километри на час. Овие услови ќе се задржат во текот на целиот утрешен ден.

Снежните врнежи веќе предизвикаа задржувања и голем број проблеми во сообраќајот во повеќе американски држави. Две лица загинаа во автомобилска несреќа во Северна Каролина, а едно во Тенеси.

Илјадници летовии беа откажни или имаа задоцнувања во повеќе држави долж американското источно крајбрежје, пренесе ТАСС, повикувајќи се на авиокомпаниите. Најзасегнати се Њујорк, Пенсилванија, Масачусетс, Северна Каролина и федералниот округ Колумбија.

Најмалку три лица загинаа во снежната бура што го зафати источниот брег на САД
Најмалку три лица загинаа во снежната бура што го зафати источниот брег на САД

Американската метеорошка служба прогнозира дека бурата, која можно е да се покаже најсилната во последната деценија, може да предизвика штети во вредност од милијарда долари.

Во Вашингтон метрото нема да работи во текот на деновите од викендот, пренесе ТАСС, повикувајќи се на неговата управа.

Жителите на престолнината создаваат резерви од храна и други продукти, посочува ДПА. Државните училишта во градот денеска ќе бидат затворени.