Најмалку тројца мртви и 70-на повредени во излетување на воз од шини во САД (ВИДЕО + ФОТО)

атнички воз во американската сојузна држава Вашингтон во понеделникот излетал од шините на надвозник по што еден вагон паднал на автопат а друг останал да визи над него, при што загинале најмалку три лица а седумдесетина се повредени, соопштија локалните власти според кои билансот може да биде потрагичен.

Три лица загинале во железничката несреќа на композиција на компанијата „Amtrak“, и сите се патници во возот пишува на својата интернет страница весникот Tacoma News Tribune, наведувајќи го портпаролот на шерифот на округот Пирс Ед Тројер. Според првичните сознанија, од падот на вагонот на автопатот немало настрадани меѓу возачите, иако вагонот паднал врз неколку возила.

Во несреќата загинале „повеќе луѓе“, изјавил претставник на полицијата за новинарите, но не ја прецизирал точната бројка. Во болниците се пренесени 77 лица, од 78 патници и 5 членови на персоналот. Четири лица се во критична состојба, дознаваат медиумите.

Ова излетување на вагоните се случил на првиот ден од почетокот на користењето на новиот железнички правец меѓу градовите Такома и Олимпија, што бил дел од проектот за скусување на времето на патување меѓу овие две места, како што во октомври соопшти одделот за сообраќај на сојузната држава Вашингтон.

Новиот правец води крај автопат и би требало да ја елиминира точката за задушување на возовите од Такома, наведуваат надлежните. Сѐ уште не е познато дали излетувањето на возот е поврзано со воведување на новиот правец, соопштија од „Amtrak“.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.