петок, 28 април 2017  |  Вести денес: 18

Најмалку тројца ранети при престрелка во училиште во јужна Франција

Според информациите, меѓу тројцата ранети се наоѓа и директорот на гимназзијата Токвил. Ранетите лица се со полесни повреди.

133612737

Последни вести

Најмалку три лица се повредени при престрелка во едно училиште во јужна Франција, јавуваат француските медиуми, повикувајќи се на засега штурите информации на властите.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, специјални полициски сили се наоѓаат на местото на престрелката, а Владата преку својата апликација за мобилни телефон испрати предупредување за напад.

Полицијата побарала од жителите на градот да останат во своите домови и да не излегуваат на улица.

Според информациите, меѓу тројцата ранети се наоѓа и директорот на гимназзијата Токвил. Ранетите лица се со полесни повреди.

Владините интернет страници, на кои се повикуваат француските медиуми, јавуваат за „терористички напад“ во училиштето.

Најчитани вести