Македонија,Политика

Најмасовен митинг на ВМРО ДПМНЕ досега во Охрид, повеќе од 50.000 лица го поддржаа Иванов

Најмасовен митинг на ВМРО ДПМНЕ досега во Охрид, повеќе од 50.000 лица го поддржаа Иванов

Кандидатот на ВМРО ДПМНЕ и актуелен претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов ја започна кампањата со голем митинг во Охрид. Според првичните проценки, на првиот митинг на владејачката партија во Охрид присуствуваат над 50.000 граѓани.

Ова е најмасовен митинг на ВМРО ДПМНЕ досега одржан во Охрид. Уште пред стартот на Централниот митинг илјадници лица се упатија кон охридскиот плоштад и го преполнија во знак на поддршка кон Иванов и ВМРО-ДПМНЕ на претстојните избори.

Со силна поддршка за Иванов застана тимот „Македонија“ составен од уметници, актери, пејачи, доктори, студенти, пензионери, граѓани од цела Македонија.