Најмасовен протест „За заедничка Македонија“ досега (ВИДЕО)

Се повеќе и повеќе сме од ден на ден, рече Илиевски и додаде: Не си одиме дома до исполнување на нашите барања!

-По се изгледа уште некој ден и ќе треба на стадион да се собираме, бидејќи овде е тесно, ама такви се Македонците, ние што сме за заедничка Македонија. Повеќе од 150.000 граѓани има низ целата држава вечерва на 31 локација, истакна Богдан Илиевски, еден од организаторите на граѓанските протести.