Најмладата жртва на продуцентот Вајнстајн имала девет години

Грдата Бети или убавата Америка Ферера, објави потресна исповед на својот Инстаграм профил. Нејзината порака е јасна, доста беше молчење.

Секојдневно се појавуваат нови жртви на продуцентот Харви Вајнстајн. Списокот достигнал до 30 жени, а глумицата Америка Ферера ја објавила својата исповед со хаштагот #ијасисто. Станува збор за тужбата на Алиса Милано кон Харви Вајнстајн која имала цел, како што вели Америка, да се прекине мудрото молчење.

“И јас исто. Кога бев сексуално нападната имав само девет години. Не кажав ни збор на никого и живеев посрамотена и цело време самата се окривував. Јас, деветгодишно дете, некако испаднав да бидам одговорна за постапките на возрасен човек. Години после тоа морав секојдневно да го гледам. Тој ми се смешкаше, а јас сакав што побрзо да поминам покрај него. Крвта ми се замрзнуваше. Храбро го носев тој терет, тоа што го знаевме само јас и тој. Морав да го држам јазикот со заби и да му возвратам насмевка. Дами, ајде да го прекинеме молкот за наредните генерации на девојчиња да не мораат да го поминуваат истото”, вели Америка во писмото.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.