Најмладиот европски шеф на дипломатијата нема факултет

На 27-годишниот шеф на австриската дипломатија, Себастијан Курц, не му беа доволно шест години за да го заврши факултетот, но заложбите во партијата да стане државен секретар му помогнаа сега да биде и член на владата на Австрија.

Него воопшто не му пречи тоа што противниците го нарекуваат „беби министер“ и политичките удари засега ги трпи без да се лути.

„Поради моите години имам ограничено искуство, посебно на дипломатски план. Но, тоа што го поседувам е внимателност, енергија и желба да дадам поголем придонес“, рекол министерот.

Најголемата ѕвезда во австриската политика е родена во 1986-та година, а тврди дека уште како десетогодишно дете бил активен во политиката. Официјалните податоци тврдат дека на 17 години станал волонтер и подмладок на конзервативната Австриска народна партија.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.