Најмалку две лица загинаа во експлозија во зграда во Украина

Најмалку две лица загинаа, а тројца се повредени во експлозија која денеска одекна во станбена зграда во украинскиот град Николаев.

Десет луѓе се евакуирани од спасувачки екипи и припадници на противпожарната единица.

Причините за експлозијата засега не се познати, но се претпоставува дека таа е предизвикана од истекување на гас.