Најмногу дожд во Гевгелија, најмалку во Кавадарци и Претор

Најмногу дожд изминативе 24 часа наврнало во Гевгелија – 54 литри воден талог на метар квадратен.

 

Следат Охрид со 29 литри дожд на метар квадратен и Крушево со 25 литри на метар квадратен. Во Скопје мерната станица на Зајчев Рид измери 17 литри на метар квадратен. Најмалку дожд наврнало во Кавадарци и Претор од еден литар на метар квадратен.

Денес ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, претпладне со повремени врнежи од дожд претежно со слаб интензитет. Попладне на места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе се движи од 19 до 26 степени. Од утре следува период на сончево време со мала до умерена локална облачност и постепен пораст на дневната температура на воздухот.

Од УХМР за вчеравечер беше најавен пороен дожд, осовени во источните делови на земјата.

Се очекува врнежите да бидат поинтензивни во западните и северозападните делови, а до крајот на денот врнежите ќе се преместат кон источните делови и ќе има услови за пороен дожд со ретки грмежи, стои во соопштението.

Вечерва очекувајте невреме.

Инаку, завчера најмногу дожд наврнало во: Претор или 62 литри на метар квадратен, Крушево, Маврови Анови, Битола, Пожаране, Гевгелија и Тополчани.

Според најавите, врнежи од дожд ќе има и денес, но со послаб интензитет и повеќе ќе бидат локализирани, а кон крајот на денот постепено ќе престануваат.

Од сабота период на сончево време

Од сабота период на сончево време

Од утре следува период на сончево време со мала до умерена локална облачност и постепен пораст на дневната температура на воздухот.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.