среда, 23 август 2017  |  Вести денес: 46

Најмногу дожд во Скопје и во Крушево

Времето денеска ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе дува слаб претежно северозападен ветер. Температурата ќе биде во интервал од 12 до 19 степени целзиусови.

Поврзани вести

Најмногу дожд, 26 литри на метар квадратен, во изминатото деноноќие наврна во Скопје и во Крушево, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Лазарополе се регистрирани 24 литри, Тетово 23, Мврово 22, Пожаране 21, по 20 литри во  Куманово, Крива Паланка, Гевгелија и Дебар, 19 во Ѓуруште и Пожар.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе дува слаб претежно северозападен ветер. Температурата ќе биде во интервал од 12 до 19 степени целзиусови.

Во Скопје малку до умерено облачно со сончеви периоди, а попладне со зголемена облачност. Температурата до 15 степени.

Утре преку денот ќе зголемена облачност со повремен дожд од крајот на денот. Врнежите ќе продолжат и преку ноќта кон четврток. Во четврток облачно со повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе траат и во петок претпладне. До крајот на работната недела не се предвидуваат негативни утрински температури

Најчитани вести