Најмногу дожд наврна во Гевгелија

Најмногу дожд, 101 литар на метар квадратен, наврнаа во Гевгелија во изминанатите 24 часа. Во Скопје до осум часот утрово се измерени 60 литри.

Дежурниот синоптичар во Управата за хидрометеоролошки работи, Борис Секирарски информира дека најмалку дожд наврна во Охрид, пет литри, и во Берово, три литри.

Денеска врнежите ќе бидат со послаб интензитет и кон крајот на денот ќе престануваат. Времето останува посвежо, со слаб, претежно југоисточен ветер и температура до 25 степени. Во Скопје слично, со температура до 23 степени.

Врнежливо ќе биде до почетокот на идната недела.

Според Секирарски, поголема стабилизација на времето не се очекува со оглед дека веќе влегуваме во септември, но врнежите ќе бидат поретки.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.