Македонија

Најмногу дожд во Ѓуриште, Лазарополе и Демир Капија

Најмногу дожд во Ѓуриште, Лазарополе и Демир Капија

Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврнало во Ѓуриште 36 литри на метар квадратен, во Лазарополе 35 и во Демир Капија 34, соопшти УХМР.

Во Пожаране и Крива Паланка наврнале 29 литри на метар квадратен, 25 во Штип, 24 во Дебар, 22 во Виница и Маврово, 21 во Куманово, 20 во Охрид, 19 во Берово, 18 во Скопје на Зајчев Рид, 18 во Кавадарци, 17 во Тетово, 15 во Крушево, 14 во Дојран, 13 во Претор и Струмица, 12 во Скопје-Петровец, Гевгелија и Пожаране, 11 во Битола и Тополчани и 10 во Прилеп, пренесува МИА.

Снег најмногу има во Маврово односно во Маврови Анови каде се измерени 50 сантиметри, потоа 44 во Лазарополе, 38 во Крушево и осум во Пожаране.

Утринава во 7 часот во Маврово биле измерени -3 степени, -1 во Крушево, Лазарополе и Берово, 0 Крива Паланка, 1 Скопје-Петровец и Куманово, 2 Тетово, Дебар, Виница, Претор, Струмица, Прилеп, Битола, Штип и Д.Капија, 3 Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Кавадарци и Гевгелија, до 4 степени во Дојран.

Претпладнево ќе биде умерено до значително облачно, во западните делови со слаб локален дожд, на планините слаб снег. На некои повисоки места и планините има ниска облачност и магла со намалена видливост. Дува слаб ветер од северен правец.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне и во вечерните часови во западните делови со слаби врнежи од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе достигне до 6 степени.

Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи претежно од снег со слаб интензитет. Од понеделник под влијание на продор на многу студена воздушна маса од север времето ќе биде значително постудено, на повеќе места со силен северен ветер.