Најмногу Грци, Срби и Албанци ја посетуваат Македонија

Македонија станува земја која што е се’ поатрктивна за странските туристи, па најчести гости во нашата земја се токму луѓе од соседните земји. Во текот на месец февруари, од вкупниот број на странски туристи, 16.021, најмногу биле Грци и тоа 2.905, потоа следат гостите од Србија- 1.949, а на трето место се туристите од соседна Албанија- 1.726.

Овие податоци го потврдува Државнито завод за статистика, кој нотира дека бројот на туристи во февруари е зголемен за 6,6 отсто, додека бројот на ноќевања е зголемен за 3,9 отсто.

Бројот на домашните туристи во февруари оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 10,3 , а бројот на странските туристи е зголемен за 4,1 отсто.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во февруари оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 3,6 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 4,2 отсто.

Во периодот јануари- февруари оваа година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 1,3 отсто и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 0,6, а кај странските има зголемување за 1,9 отсто.

Во периодот јануари- февруари 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на
ноќевањата е зголемен за 0,3 и тоа: кај домашните туристи има намалување за 2,1, а кај странските има
зголемување за 2,6 отсто.