Најмногу милијардери живеат во Лондон

Лондон стана престолнина на светските супер богаташи, бидејќи во тој град живеат најголем број на милијардери отколку во било кој друг град во светот, објави денеска британскиот „Сандеј тајмс“.

Во Лондон во моментов има 72 милијардери кои на своето конто имаат повеќе од една милијарда фунти. Москва е втора на листата со 48 милјардери, додека Њујорк е трет со 43.

Според овој весник, Велика Британија е прва на листата по број на милијардери по глава на жител, односно еден милијардер на 607 илјади Британци. САД се втори со милион луѓе на еден милијардер.