Најмногу снег во Кичево, Гостивар, Крушево, Прилеп и Стража

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и застои, по претежно влажни коловози, соопшти „Македонија пат“.

Снег со слаб интензитет паѓа во Тетово, Попова Шапка, Делчево, Смојмирово, Ресен, Железнец, Струмица, Павлешенци, Македонски Брод, Ѓавато, Буково, Плетвар, Пресека, Маврово.

Врнежи со појак интензитет има во Кичево, Гостивар, Крушево, Прилеп, Стража.

На коловозот наместа има остатоци од снег.