среда, 4 јануари 2017  |  Вести денес: 1

Најмногу снег во Маврово и Лазарополе

денеска претпладне ќе има услови за појава на слаб снег во западните и северните делови, а преку денот ќе биде променливо облачно со слаб јужен ветер.

sneg-500

Последни вести

Највисока снежна покривка од 15 сантиметри, изутринава во осум часот е измерена во Маврово, девет сантиметри снег има во Лазарополе, седум во Дебар, четири во Тетово, три во Пожаране, а еден сантиметар во  Берово, Крушево и Виница.

Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), најстудено изутринава во осум часот е во Крива Паланка, Маврово и Ѓуриште, каде се измерени минус четири степени,  три степени под нулата е во Пожаране и Лазарополе, минус два во Куманово, Скопје Петровец, Виница, Берово и Дебар, а минус еден во Тополчани, Крушево, Скопје, Тетово, Прилеп,….

Како што информира УХМР,  денеска претпладне ќе има услови за појава на слаб снег во западните и северните делови, а преку денот ќе биде променливо облачно со слаб јужен ветер. Температурата ќе биде во интервал од 3 до 9 степени. Во Скопје променливо облачно со слаб претежно североисточен ветер и со температура до четири степени.

Значителна промена на времето УХМР најавува од утре кога поради спуштање на поларна воздушна маса од север ќе има врнежи од снег, најпрво во северните и западните, а потоа и во останатите делови. Насекаде ќе се формира снежна покривка, на планините и до 50 сантиметри. До сабота ќе дува засилен, повремено силен северен ветер, поради што на места ќе има и снежни наноси. Од петок температурите значително ќе опаднат. За време на викендот облачноста ќе се намали и ќе биде многу студено. Во Беровско температурата ќе се спушти и до минус 20 степени.

Најчитани вести