Најмногу угостителски објекти во скопскиот регион

објекти

Најголема концентрација на угостителски објекти има на територијата на скопскиот регион каде што се попишани 1.314 објекти или 26,6 отсто од вкупно попишаните објекти на територијата на Република Македонија.

Општини со најголема концентрација на угостителски објекти се: Тетово 10,2 отсто, Центар 7,8 отсто, Куманово 5,2 отсто, Гостивар 4,9 отсто, Охрид 4,8 отсто, Битола 4,2 отсто, Струга 3,8 отсто, Карпош 3,5 отсто, Чаир 3,2 отсто и Прилеп 2,9 отсто, каде што се лоцирани вкупно 50.5 отсто од угостителските капацитети во Македонија.