ФОТО: Кинески научници го создадоа најмускулестото куче

Кучето мутант има повеќе мускули и се очекува да има поголем капацитет за трчање, што е добро за лов, како и за примени во полицијата и војската, вели Лиангџу Лаи еден од истражувачите вклучени во проектот.

Понатаму тимот ќе се обиде да направи други модифицирани кучиња, меѓу кои и оние што ќе имаат човечки болести како мускулна дистрофија или Паркинсонова болест.

Целта на созадавањето вакви кучиња е подобро да се проучи појавувањето на овие болести бидејќи кучињата имаат слична анатомија со  човекот.