Магазин

Најнов тренд, претворете го миленичето во чудовиште

Најнов тренд, претворете го миленичето во чудовиште

Најновиот тренд доаѓа од Русија од салонот за разубавување на животни. Луѓето доаѓаат за да го променат изгледот на своите миленичиња.

„Кучето ни беше здодевно. Затоа одлучивме да го промениме, па го бојадисавме во боите на пчелата. Сега е поинтересен,“ изјави Екатерина Аидмирова една од клиентките.

Втора „клиентка“ била мачката која сопствениците сакале да ја бојадисаат во змеј.Боите со кои се бојадисуваат животните доаѓаат од Кореја и според сопственичката на салонот, се потполно безбедни.

Здруженијата за заштита на животните се огласија дека ваквото разубавување, не е ништо освен злоставување на миленичињата.