понеделник, 21 август 2017  |  Вести денес: 29

Најостри осуди и изрази на сочуство за нападите во Париз

Поврзани вести

Дестина часа откако во Франција се случија терористичките напади, во кои животот го загубија над 126 лица, најостри осуди и изрази на соучество пристигнуваат од сите светски престолнини. Европските и светските лидери се согласни, повикуваат на глобална борба против тероризмот.

 

Обама: Нападите во Париз се „атак на целото човештво“

Обама: Нападите во Париз се „атак на целото човештво“

Обама: Нападите во Париз се „атак на целото човештво“

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека нападите во Париз се „атак на целото човештво“ и вети дека ќе работи заедно со Франција на тоа одговорните да бидат изведени пред лицето на правдата.

Кога и да се случеле вакви настани, секогаш сме можеле да сметаме дека францускиот народ ќе биде со нас. Тие се исклучителен партнер во борбата против тероризмот. Ние ќе бидеме тука за нив на истиот начин, изјави Обама.

Јункер: Во целост се солидаризираме со народот на Франција

Јункер: Во целост се солидаризираме со народот на Франција

Јункер: Во целост се солидаризираме со народот на Франција

Во меѓувреме, претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер изјави дека е „длабоко шокиран“ од нападите во Париз.

Ние во целост се солидаризираме со народот на Франција, напиша Јункер на својот Твитер налог.

Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека е „шокиран“ од координираните напади во француската престолнина.

Нашите мисли и молитви се со францускиот народ. Ќе направиме се што можеме за да помогнеме, рече британскиот премиер.

Столтенберг: Алијансата ќе стои „силно и обединето“ со Франција

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Алијансата ќе стои „силно и обединето“ со Франција во борбата против тероризмот.

Длабоко сум шокиран по ужасните терористички напади ширум Париз. Моите мисли се со семејствата на жртвите, со сите оние кои се повредени, со жителите на Франција, рече Столтенберг. Тероризмот никогаш нема да ја победи демократијата, потенцираше генералниот секретар на Алијансата, потенцира тој.

Меркел: Длабоко сум погодена од вестите и фотографиите од Париз

Меркел: Длабоко сум погодена од вестите и фотографиите од Париз

Меркел: Длабоко сум погодена од вестите и фотографиите од Париз

Германската канцеларка Ангела Меркел синоќа изјави дека е потресена од нападите во Париз и изрази сочуство до семејствата на жртвите на нападот и солидарност од нејзината земја.

 Длабоко сум погодена од вестите и фотографиите од Париз. Во овие моменти мооите мисли се со жртвите на очигледно терористичкиот напад, членовите на нивните семејства, како и сите луѓе во Париз, рече Меркел.

Таа истакна и дека сојузната Влада во Берлин е во контакт со француската Влада, на која и ја пренела своето сочуство и солидарност.

Осуда и од Обединетите Нации

Осуда и од Обединетите Нации

Осуда и од Обединетите Нации

Советот за безбедност на Обединетите нации ги осуди „варварските и кукавички терористички напади“ во Париз.

Советот за безбедност ја нагласува потребата извршителите на овие терористички акти да се приведат на лицето на правдата“, се наведува во соопштението.

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан КИ-мун ги осуди „терористичките напади достојни за презир“ во Париз.

Генералниот секретар верува дека француските власти ќе направат се во нивна моќ, брзо да се приведат извршителите, се наведува во соопштението од Светската организација.

Ердоган повика на „консензус на меѓународната заедница во борбата против тероризмот“

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изрази сочуство по серијата смртоносни напади во Париз и повика на „консензус на меѓународната заедница во борбата против тероризмот“.

Како земја која многу добро ги знае последиците од тероризмот, ние совршено го сфаќаме страдањето низ кое сега Франција минува, изјави Ердоган во телевизиското обраќање.

Турција, која викендов е домаќин на самитот Г20, се согласи со американската администрација дека нападите во Париз се злосторство против човештвото и вети целосна соработка со Франција и нејзините сојузници во борбата против тероризмот.

Овие напади не се само против францускиот народ, туку против целото човештво, демократија, слобода и универзални вредности, се наведува во соопштението од Канцеларијата на турскиот премиер Ахмет Давутоглу.

Путин изрази длабоко сочуство

Рускиот претседател Владимир Путин изрази длабоко сочуство поради монструозните терористички напади во Париз и упати зборови на солидарност со францускиот претседател и целиот француски народ, соопшти портпаролот на шефот на руската држава Дмитриј Песков.

Настаните во Париз се монструозни, Русија го споделува страдањето на Франција, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Читам страшни вести од Париз. Бројот на мртвите во експлозиите и пукањето расте. Земање заложници во театар, за што известуваат медиумите, е монстрозно, напиша Захарова на својот профил на Фејсбук.

Лидерите од Г20 ќе се сретнат утре во регионот на Анталија, каде тема на разговорите ќе биде војната во Сирија и глобалната безбедност.

Повеќе за ова на следниот линк.

Најчитани вести