Кое е најпопуларното женско име во светот?

Најпопуларното женско име, чие значење е „мудрост“, го носат голем број девојчиња и во Македонија.

Лаура Вотенберг, американката која истражувала на оваа тема, дошла до заклучок дека едно женско име го има водството пред останатите кога станува збор за светска популарност.

Кое е најпопуларното женско име во светот?
Кое е најпопуларното женско име во светот?

Најпопуларното женско име во светот е Софија. Меѓу земјите каде има најмноги девојчиња со ова име се Мексико, Италија, Русија и САД.

По истражувањето, Вотенберг вели дека ова име ги надминува културите и границите.

Восхитувачки е тоа што на толку различни јазици и во толку различни култури едно име звучи исто. Тоа сигурно говори нешто за начинот на кој што културата се пренесува и денес, вели таа.

Името софија е меѓу првите 25 имиња во две третини од земјите што водат статистика за зачестеноста на имињата кај децата, во најголем дел во Европа и Америка, но пред една генерација, ова име не било популарно. Моменталната популарност, Вотенберг ја објаснува со тоа што името лесно се изговара во повеќе јазици и значи „мудрост“.

За разлика од името Софија, коешто го освојува светот, имињата инспирирани од религијата, како Марија и Ивана се се поретки.