Најпосле шампионско лице на Вардар

Неделниот дерби натпревар од 25. коло во македонската Прва фудбалска лига, дуелот помеѓу екипите на Хоризонт Турново и Шкендија, заврши со сигурен триумф на гостинот од Тетово.

Последната зимска аквизиција на Шкендија, Менсур Куртиши со гол од пенал уште во 9.минута донесе водство, а само неколку минути подоцна, црвен картон заработи фудбалерот на Хоризонт, Митев.

Вториот погодок, постигнат во последните секунди од натпреварот беше дело на Астрит Фазлиу.

Многу полесно од очекуваното, убедлива победа од 6:0 во дуелот против екипата на Напредок, забележа актуелниот шампион на Македонија, Вардар, а фудбалерите на Пелистер ја задржаа лидерската позиција на табелата, откако со 2:0 славеа во дуелот против гостинскиот тим на Гостивар.

Резултати: Хоризонт Т. – Шкендија 0:2, Вардар – Напредок 6:0, Пелистер – Гостивар 2:0, Еуромилк ГЛ – Брегалница 0:0, Металург – Ренова 2:2.

ТАБЕЛА: Пелистер 47 бода, Работнички 44, Вардар 42, Хоризонт Турново 41, Металург 41, Шкендија 36, Ренова 33, Брегалница 33, Еуромилк ГЛ 32, Македонија ЃП 23, Напредок 14, Гостивар 14 бода.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.