Најпознатиот сириски бегалец, Осама Абдул Мохсен бил терорист

Мохсен ги живее "своите 5 минути"

Снимките како Осама Абдул Мохсен е соборен на земја на српско-унгарската земја брзо го сврте светот.

Меѓународната јавност ја осуди Унгарката, таа доби отказ на својата работа, а Мохсен, само неколку дена подоцна доби понуди да работи во Шпанија како тренер и тоа во тимот на Гетафе. Дури, неговиот син излезе на теренот фатен под рака со Кристијано Роналдо на мечот меѓу Реал Мадрид и Гранада минатиот викенд.

Мохсен, кој стана познат откако беше сопнат од унгарска новинарка при обид да ја премине границата, бил терорист
Мохсен, кој стана познат откако беше сопнат од унгарска новинарка при обид да ја премине границата, бил терорист

Сепак, излезе дека Мохсен бил дел од терористичката организација “Џебхат ан Нусра” која е поврзана со “Ал каеда”, но и од курдските организации во Северна Сирија. Споед курдската партија “Демократско обединување”, тој учествувал во востанието во градот Камишло во 2014 година кога биле убени 50 курди.

Како доказ за овие активности на Мохсен се земени фотографии од неговиот профил на ФБ. На една од нив тој е со црно знаме со муслиманска клетва за верност кон Алах, а на друга како им дава поддршка на сунитите кои се борат против војската на Асад.

Во интервју за Њујорк Тајмс, 51-годишниот Мохсен изјави дека повеќе нема врска со тоа, туку се занимава со фудбал.