Најпроблематичните населени места во охридско и струшко добија струја

Најпроблематичните населени места во охридскиот и струшкиот регион добија електрична енергија.

Rabota na stolb

Rabota so mehanizacija na terenКако што соопштуваат од ЕВН во текот на ноќта и раните утрински часови нормализирано е снабдувањето во Куратица, Ливоишта, Випала, Мали Влај, Томорос, струшко Лескоец, Коњско, Стење и целосно под напон е и селото Мислешево. Екипите на ЕВН Македонија работат на санирање на дефектите кон граничниот премин Ќафасан, заедно со месното население се подигнуваат паднатите столбови во с. Мислодожда. Во Охрид, Струга, Ресен и во повеќе села од овој регион екипите на ЕВН ги санираат помалите прекини на ниско-напонската мрежа.

Новиот 10 кВ далекувод во реканскиот крај е во завршна фаза на поставување. Низ новоподигнатите столбови се поставуваат проводниците и изолаторите и се премостува врската низ Дебарско езеро. Се работи интензивно за да се нормализира снабдувањето со електрична енергија на селата во реканскиот крај. Пробивањето на екипите на ЕВН до местата на дефектите сеуште е отежнато, голема помош имаат од екипиоте на МВР со санки со што времето за пристигнување на критичниуте места е скратено.

Rabota na teren i mesno naselenie

За работа на дистрибутивната мрежа ангажирани се над 230 електромонтери. Екипите ќе останат на терен се додека и најоддалечените места и последниот корисник не бидат снабдени со електрична енергија.