петок, 28 јули 2017  |  Вести денес: 17

Најпродавани книги во Македонија во 2016 година

Гијом Мисо две последователни години се наоѓа на првото место на оваа листа, овој пат со неговата книга „Во еден момент “. Вкупно три негови дела се застапени во топ 20 листата.

logo KupiKniga111

Последни вести

Според топ 20 листата на најпродавани книги во 2016 година, објавена од онлајн книжарницата !„КупиКнига.мк“, на првите три места се најдоа авторите Гијом Мисо, Александар Алексов и Јелена Бачиќ – Алимпиќ.

Гијом Мисо две последователни години се наоѓа на првото место на оваа листа, овој пат со неговата книга „Во еден момент “. Вкупно три негови дела се застапени во топ 20 листата. На второ место е книгата „Т.е. љ.у.б.а.м. -тоа е вистината“ од македонскиот писател Александар Алексов, додека третото место припадна на книгата „Книга на спомени“ која е втор дел од трилогијата „Казна за гревот“ на познатата авторка Јелена Бачиќ – Алимпиќ. Сите три дела од трилогијата се дел од оваа листа.

„Книгите што оставија најголем печат во 2016 година најчесто се од жанрот белетристика. Романите, трилерите и љубовните книги повторно се најпопуларни и овој тренд е константен на КупиКнига.мк.“ изјави Елена Темелковска, Продукт менаџер на КупиКнига.мк

Во прилог е целосната листа на топ 20 најпродавани книги во 2016 година:

1. Во еден момент – Гијом Мисо

2. Т.е. љ.у.б.а.м. – тоа е вистината – Александар Алексов

3. Казна за гревот. Кн. 2, Книга на спомени – Јелена Бачиќ – Алимпиќ

4. Живот Без Граници – Ник Вујичиќ

5. Централ Парк – Гијом Мисо

6. Пакет ЉУБОВНИ ДРАМИ – Група автори

7. Терапија – Себастијан Фицек

8. Казна за гревот. Кн. 3, Молитва за прошка – Јелена Бачиќ Алимпиќ

9. Најбогатиот Човек на Вавилон – Џорџ Клејсон

10. Ако не постои утре – Гијом Мисо

11. Казна за гревот; Ноќта кога дојдоа сватовите. Кн. 1 – Јелена Бачиќ Алимпиќ

12. Пакет книги – Џозеф Марфи – Џозеф Марфи

13. ПАКЕТ: ТРИЛЕРИ – Група автори

14. Славејот – Кристин Хана

15. Умрен човек – Игор Џамбазов

16. 1984 – Џорџ Орвел

17. Мотивација – Брајан Трејси

18. По улица Лондон – Саманта Јанг

19. Светското зло и беда наследството на 13 династии на илуминатите – Робин де Рајтер

20. Килибар и свила – Неџма

Најчитани вести