Магазин

Најшокантни исповеди на смртна постела

Најшокантни исповеди на смртна постела

Луѓето на смртна постела имат потреба да си ја олеснат душата и своите темни тајни ги поделат со некого, кога ќе чукнаечасот, со „чиста“ совест да заминат на „оној свет“. Ова се некои од најшокантните исповеди во историјата на човештвото.

Поручникот Волтер Хаут ја откри тајната од „Областа 51“

Поручник Валтер Хаут, задолжен за односи со јавноста во Розвел, Њу Мексико, место каде во 1947 година наводно се срушило вонземско летало, во 2006 година на смртна постела тврдел дека со свои очи го видел леталото и двајца вонземјани. Валтер исто така раскажал и дека била организирана голема акција за чистење на територијата и дека леталото со двајцата вонземјани биле префрлени во воена база во Невада, позната како „Област 51“.

Гералдина Кели призна дека го убила сопругот

После неколку години семејно насилство, Гералдина го убила нејзиниот маж, Џон Кели и телото го спакувала во замрзнувач. На децата им кажала дека татко им загинал во сообраќајна несреќа, пренесува „Блиц“.

Седум години подоцна, во 2004 година, Гералдина умираше од рак на дојката и на смртната постела и раскажала на ќерка и за судбината на нејзиниот татко. Ќерката случајот го пријавила во полиција, а полицијата во едно калифорниско складиште го пронајде во замрзнувач  замрзнатото тело на Џон Кели.

Дејвид Нивен откри кој му бил татко

Славниот актер, номиниран за Оскар, Дејвид Нивен на смртна постела признал дека е син на британскио полтичар кој се плашел дека вонбрачното дете ќе му ја уништи кариерата.

Тор Хеспо ги викнал медицинските сестри и го признал злосторството

Фриц Моен, срамежлив и глув човек со тешка говорна маана во 1978 година во Норвешка е уапсен и осуден за силување и убиство на 20-годишна девојка иако немало форензички докази дека е поврзан со ова злосторство.

Меѓутоа, во 2005 година, човекот по име Тор Хеспо на смртната постела во болницата ги повикал трите медицински сестри и после 27 години признал дека  тој го направил ова страшно злосторство.

Оперативец на ЦИА откри кој е одговорен за атентатот на Кенеди

Хауард Хант, ЦИА оперативец бил вклучен во аферата „Вотергејт“. После смртта на Хант, неговите два сина тврдеа дека поседуваат снимка од нивниот татко на смртна постела каде ги именува сите кои биле одговорни за убиството на Кенеди.

Меѓутоа, вдовицата на Хант тврди дека снимките се лажирани и дека сето тоа е дел од планот за да заработат пари. Само „Ролинг Стоун“ магазинот сериозно ја сфати оваа снимка.

Александар Гартшоре призна дека уби девојче

Моира Андерсон во 1957 година исчезна во Шкотска. Четириесет години подоцна, Алекандер Гартшоре на смртната постела и призна на ќерка му дека ја осрамотил и оти убил девојче и дека нејзиниот дух и понатаму го прогонува.

После 42 години актерка призна дека го убила режисерот

Вилијам Десмонд Тејлор,  еден од најуспешните режисери на неми филмови во 1920 година е убиен, а полицијата никогаш не го најде убиецот. Четириесет и две години подоцна, една старица на смртна постела го викнала соседот за да се исповеда. Се претставила како поранешната актерка Маргарет Гибсон и признала дека го убила Тејлор. Познато е дека тие двајца биле во романтична врска, но мотивот на убиството почина заедно со Маргарет.

Џулијан Алтман призна дека украл вилона од познат виолинист

Кога имал 20 години, Џулијан Алтман во еден ноќен клуб се скрил во соблекувалната на познатиот виолинист Бронислав Хуберман и му ја украл виолината. Алтман подоцна и самиот стана познат виолинист користејќи ја виолината на Хуберман. На смртната постела на неговата жена го призна злосторството и побарал од неа да ја продаде после неговата смрт. Сегашниот сопственик ја купил виолината за четири милиони долари.

Кристијан Спурлинг ја откри тајната за чудовиштето од Лох Нес

На сите  им е позната фотографијата на злогласното водено суштество од Лох Нес. Со децени се расправаше дали чудовиштето постои или не. Се до 1994 година кога Кристијан Спурлинг на смртната постела признал дека познатата Неси не постои и дека ја направил од играчка подморница.