среда, 29 март 2017  |  Вести денес: 12

Најскапата авионска карта: Што се ви се нуди за 55.000 фунти?

Секако, нема да патувате како обичен патник во економската класа, ниту тој лет по било што ќе наликува на летот во бизнис класата.

avion-luksuz

Поврзани вести

Секако, нема да патувате како обичен патник во економската класа, ниту тој лет по било што ќе наликува на летот во бизнис класата.

Овој билет нуди целосно нова димензија и доживување на летањето. Не треба да се сомневате дека светските милијардери сигурно, иако имаат сопствени авиони понекогаш ќе си приуштат себе си да го искористат овој лет.

Ако некогаш се одлучите да летате на релација Лондон – Мелбурн тешко дека ќе имате да платите толку многу за билет, но луѓето како Бил Гејтс, Роман Абрамович и сличните на нив, може да си го дозволат овој лет без проблеми. Имено билетот на авиокомпанијата „Етихад“ на споменатата релација се продава по цена од 55.000 фунти.

За оваа цена добивате трисобен апартман што се протега на неверојатни 125 метри квадратни, а заедно со нив во пакет има и батлер и готвач. Сето тоа го собира во Ербас А380, а понудата важи за едно или две лица.

Секако цената на билетот вклучува и луксузен транспорт до и од аеродромор, приватно чекирање, а со оглед дека авионот отседнува во Абу Даби, милијардерите што ќе одлучат овака да патуваат ќе добијат и посебна соба за патот да не им претставува проблем.

Со оваа цена соборен е рекордот на досегашната цена на истата компанија што се однесува на летот Њујорк – Мумбаи, а тој луксуз чинеше 52.000 фунти.

Најчитани вести