ВИДЕО: Дали ова е најскапата реклама на сите времиња?

Дали ова е најскапата реклама на сите времиња. Холивудските легенди Мартин Скорсезе, Роберт Де Ниро и Леонардо Ди Каприо во вторникот вечерта беа најславните гости што беа поканети на отворањето на новата коцкарница во Макао, каде го претставија 15-минутниот краток филм, што според медиумите претставува најскапата реклама на сите времиња.

Во филмот „Аудиција“ кој беше режиран од страна на Скорсезе, Де Ниро и Ди Каприо се натпреваруваат за истата улога, а накратко се појавува Бред Пит.

Иако не е потврдено, медиумите нагаѓаат дека родукцијата на филмот чинела 70 милиони долари. Зад целиот проект стои мултимилјардерот Џејмс Пакер, кој барал најдобра можна промоција за неговата нова коцкарница во Макао.

Погледнете го видеото: