(ВИДЕО) Најскапиот задник на светот ќе го отвори Мундијалот

Американската поп-дива Џенифер Лопез ќе настапи на отворањето на Мундијалот, потвдри ФИФА пред отворањето на Светското првенство во фудбал во Бразил.

Лопез која ја снимаше официјалната песна за Светското првенство во фудбал „We are One“ со раперот Питбул и бразилската пејачка Клаудија Леите ќе настапат заедно со звуците на тапаните на бразилскиот состав Олодум.

Во Арената „Коринтијанс“ во Сао Паоло ќе присуствуваат повќе од 60 илјади гледачи како и на задоволство на телевизиските гледачи ширум светот.

Во интревју за Асошијетед Прес, Лопез потврди дека заминува во Бразил за на време да се подготват за церемонијата на отворањето.