Најскапите пет антиквитети во светот

Книги, мебел, тијари, чинии, вазни се само дел од артефактите кои вредат милиони долари. Тие се посебни на свој начин, изработени во злато, сребро, процелан и други материјали, облеани со дијаманти, рубини, смарагди. Ова е листата на топ пет  најскапи антикивитети кои некогаш биле продадени.

Германска кралска чинија за супа

Чинијата за супа на Луј XV е изработена во 1733 година, а продадена е во 1996 година за 10,6 милиони долари. Чинијата е сребрена и е изработена во Рококо стил.

Germain-Royal-Soup-Tureen

Старинска маса за секретари

Масата за секретари е рачно изработена во 1760 година од семејствата Годарт и Таунсенд. Вакви маси биле направени од седум до девет, а до денеска опстанала само една, коjа во 1989 година е продадена за 12,4 милиони долари.

masa

Илустрирано фолио од Перскискиот Шах

Еден од најдобрите примери за исламската уметност и мајсторија. Ова илустрирано фолио датира од 1500 година и е специјално направено за Шахот на Персија. Продадено е на аукција во Лондон во 2011 година за 12,5 милиони долари.

63508564 (1)

Смарагдно – дијамантска тијара

Смарагдно – дијамантската тијара е ексклузивно парче накит кое некогаш им припаѓало на сопругата на Наполеон Трети и на Катерина, втората сопруга на германскиот принц Гидо. Тијарата е продадена во Женева во 2011 година за 12,7 милиони долари.

Emerald-and-Diamond-Tiara-Formerly-in-the-Collection-of-Princess-Katharina-Henckel-von-Donnersmarck-2

Златен триножен сад од династијата Минг

Владеењето на Минг динасијата е најпознатиот период од кинеската историја, кога се работи за артефакти. Овој триножен сад е од 18 каратно злато облеано со бисери, рубини и други благородни метали. Во 2008 година е продаден за 15 милиони долари.

mng3ertg

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.