Најсмртоносниот снајперист во светот е Британец

Британски професионален војник од единицата на Кралските маринци е најсмртоносниот снајперист во светот, со 173 убиства со снајпер во војната во Авганистан.

Лондонски „Сан“ тврди дека овој рекорд на Британецот е постигнат за кусо време, од само шест месеци, во зимата 2006-2007 година во авганистаната провинција Хелманд во судирите на британската армија со талибанците.Постигнувањето на британскиот снајперист го надминува рекордот на Американцот Крис Кајл, за кого режисерот Клинт Иствуд сними филм што годинава е номиниран за два Оскара и бележи рекорди по гледаност кај американската публика, пишува МИА.

Кајл, за кого се верува дека има и подобар резултат од 160 убиства со снајпер што официјално му се признаени престојувал во Ирак на четири пати со американската војска. Неговите противници му го дале прекарот „Демонот од Рамади“.Според „Сан“, британскиот снајперист е се уште активно вклучен во британската армија.

Неговото име не може да се објави од безбедносни причини,за да не стане цел на напад на џихадистите освен што весникот вели дека е оженет татко и дека потекнува од јужна Англија.

– Само сосема мал број луѓе знаат за неговиот рекорд и за големиот придонес што го има наравено за британската војска на фронтот, изјави за „Сан“ воениот извор на кој се повикува весникот.

Британското Министерство за одбрана одби да ги коментира откритијата на весникот за постигнувањата на снајперистот, како и да зборува за неговиот идентитет.Примерот на Британецот, како и големите постигнувања на Амерканецот Кајл, ја афирмираат големата улога на снајперистите во британската и во американската војска, за време на војните во Ирак и Авганистан.

Постигнувањата на овие двајца, сепак, далеку заостануваат зад рекордите на снајперистите во текот на Втората светска војна.

Неколку војници на советската армија имаат потврди дека секој од нив има убиено со снајпер по повеќе од 400 нацистички војници. Финскиот војник Симо Хајха познат како „Белата смрт“ има постигнат рекорд од 506 убиства со снајпер во текот на Зимската војна 1939-1940 година, кога Советскиот Сојуз изврши инвазија врз Финска.