Најсмртоносните патишта на Балканот се во БиХ

Најсмртоносните патишта на Балканот се наоѓаат во Босна и Херцеговина, покажуваат податоците на Светската здравствена организација (СЗО), објави МИА.

Според организацијата, смртноста на патиштата во БиХ е речиси четири пати поголема отколку во Германија.

Причините за тоа се лошите патишта, недоволно сообраќајна култура, но најмногу според аналитичарите е што државата не вложува доволно средства за безбедноста во сообраќајот.

СЗО наведува дека годишно во БиХ бројот на смртните случаи на патиштата изнесува 15 лица на 100.000 жители. Во Црна Гора таа бројка е 11, а во Хрватска десет на 100.000 лица.