Најсреќниот битолчанец: За роденден добил лозови, еден му донел голф

Битолчани неделава повторно се радуват. Пред некој ден студентка од Битола стаса до премија автомобил, а токму на клучевите од нов автомобил Голф 7, денес се радуваше уште еден играч од Битола.

Овојпат  среќен играч е Никола Ивановски. Тој наполни 23 години, а токму за роденденот неговата мајка одлучила наместо подарок, да му купи инстант лозови 7ма Брзина. Ги купила од продажното место Вагабонт во Битола. Купила дури 23, исто како и годините кои ги прославувал синот. А веројатно ништо не е случајно, па симболиката на бројките, славеникот го донесе до убавата премија. Еден од подарените Инстант лозови се покажал како добитен, односно стрелката насочувала кон Голф7.

Ова е повеќе од убаво изнадување. Роденденот прославен на најдобар можен начин му овозможи на Никола денес да си ги подигне клучевите од својот нов автомобил Голф 7. Тој има возачка дозвола,  а имал и постаро возило, па ова освежување е полн погодог. Инаку, редовно игра Бинго и Инстант лотарија.

По Скопје, Битола, според статистиките на Државна лотарија на Македонија важи за град со најмногу добитници.

Само за потсетување досега покрај 5те премии – автомобил Голф 7, имаме и по еден добитник на 100 илјади и уште еден кој освои 50 илјади денари во најновата Инстант лотарија на Државна лотарија на Македонија, 7ма Брзина. Инстант лотаријата СЕДМА БРЗИНА беше лансирана на 10ти јули годинава, а  на играчите на игрите на среќа им овозможува на лесен, забавен и евтин начин да дојдат до одличната понуда на добивки на чело со 10 автомобили ГОЛФ 7, обезбедени во соработка со Порше Македонија. Вкупниот број на добивки во новиот Инстант лоз на ДЛМ е 311.030, а вкупен фонд е 26.702.000 денари, со што секој трет лоз е добитен.

Лозот СЕДМА БРЗИНА содржи поле за игра, поделено на девет сегменти, прекриено со заштитен слој под кој се наоѓа стрелката и автомобилски брзинометар. Стрелката лесно го насочува играчот кон видот на добивката прекриена со заштитниот слој, додека пак на  брзинометарот се испишани видовите на добивки и тоа од 0 до останатите добивки кои следат по раст, 40, 80….50.000, 100.000, заклучно со премијата ГОЛФ 7. Стрелката може да упатува само на еден вид на добивка. Доколку упатува кон 0, тогаш лозот е недобитен.