Најстариот алигатор во светот живее во Белград

Американскиот алигатор Муја, за кој се верува дека е најстариот претставник на неговиот вид, сè уште е во добра здравствена состојба и апетит во своите 80-ти години и удобно живее во белградската зоолошка градина каде што пристигнал пред Втората светска војна.

Белграѓани и бројни туристи доаѓаат во Зоолошката градина токму поради Муја, кого можат да го видат како грицка стаорци и потполошки. Неговата подвижност е намалена со текот на времето, па понекогаш знае и да ја промаши целта.

Единствениот здравствен проблем што американскиот алигатор досега го имал е гангрената, поради која мораше да му ја ампутираат предната десна канџа во 2012 година. Од белградската ЗОО се надеваат дека здравјето ќе го послужи и во иднина.

Муја пристигнал во Белград од Германија во 1937 година, а во објавениот текст во весникот за неговото пристигнување пишува дека бил на возраст од две години. Алигаторот ги преживеал двете големи бомбардирања на Белград во Втората светска војна, првотот од Германија во 1941, и на сојузниците во 1944 година кога е загубена официјалната документација за неговото префрлување во Белград.